КАКВИ ТАЈНИ КРИЈАТ ХОДНИЦИТЕ: Команден бункер изграден по наредба на Тито во близина на Скопје!

Некогаш команден бункер кој бил изграден од страна на ЈНА, а сега празна скривница, како што ја нарекуваат мештаните. Во педесетите години на минатиот век бил изграден овој воен бункер, на само десетина километри одалечено од Скопје, во подножјето на планината Скопска Црна Гора. Бункерот или скривницата како што ја нарекуваат мештаните, се наоѓа над селото Бањани, во близина на манастирот Свети Илија, скриен од дрвјата, израснатите растенија, а пред влезот овчарска колиба.

Како што пренесува РТС, бункерот е случајно откриен во 2012 година, а според кажувањата на мештаните, таа година, во близина на колибата случајно застанал автомобил, а љубопитноста ги натерала да се доближат до колибата и да го откријат скриениот букер.

Мештаните раскажуваат дека колибата криела метална портокалова врата која наликува на тие кои се во подморниците, а всушност била влез во подземен воен бункер, тунел со ходници и лавиринти, кабели за телефон, телеграф, како и цевки за вентилација. Сепак, откако бил откриен воениот бункер тој набрзо бил испразнет од непосакувани посетители, а во тоа се уверил и репортерот на Тајнуг дека освен голи ѕидови и по некој кабел нема ништо друго.

Но, и покрај тоа самиот бункер е интересен, а првиот впечаток е огромната разлика во температурата, која надвор достигнувала до 40 степен, додека пак, внатре било многу ладно, односно околу 13 степени. На некогашните бели ѕидови капе вода која кондензира, па заради тоа бетонскиот под е мокар и лизгав, а се чувствува и влага.

Тунелот води во тотален мрак, целиот амбиент далува морничаво, како да се наоѓате на снимање на хорор филм, па при обиколката неоходно е да имате светилка или вклучено светло од мобилниот телефон. Во едвај осветлениот тунел покрај остатоците и некогашните телефонски и телеграфски линии, на подот можат да се забележат празни лименки од пиво, отпушоци од цигари што е доказ дека тука доаѓаат и млади, но не за да го разгледаат тунелот.

Импресивно е тоа што бункерот навистина наликува на лавиринт, има околу девет соби и ходници во различни големини, кои ги поврзуваат наизглед исти ходници. Собите се потполно испразнети, нема ништо во нив, освен како што веќе споменавме, телефонски кабли и слично.

После неколку поминати ходници, се наидува на многу низок премин, до еден метар висина, каде стојат шарки од врата и каде постоела тешка метална врата, а тунелот води до скали кои се поврзани со излез во случај на опасност. И, секако пред самиот излез, ѓубре, пивски шишиња и конзерви.

На еден ѕид во тунелот стои и годината на неговата изградба „1954. работено“, а мештаните велат дека бункерот го имаат градено затвореници и истата требала да биде командно место, но од таа идеја набрзо се откажале  и направен е друг команден штаб кај селото Соње на планината Водно.

Според некои податоци, во Југославија изградени се 26 такви и слични објекти, по наредба на врховниот команднт Јосип Броз Тито и постоеле во сите бивши републики, а во Македонија покрај бункерот во селото Бањани постоел и уште еден, додека пак во Србија има седум бункери.