Какви се силните жени?

Има мажи кои се плашат од силни и независни жени. Без оглед на тоа дали се работи за колешка или партнерка, има мажи кои се мачат да се справат со својот страв.

Зошто? Па не знам, дури и јас како жена се трудам да најдам одговор на ова прашање. Но, имам неколку теории и можни причини.

Неа не ѝ е потребен маж

На силната жена не ѝ е потребен маж за да се чувствува добро. Таа може да се чувствува исполнето и среќно дури и кога е сама. Неа не ѝ е потребен маж за нејзиниот живот да има смисла и цел. Самоуверената жена сака да го сподели својот живот и авантури со некого, но може сѐ да направи сама.

Таа не поднесува игри

Без оглед на тоа дали сте човек кој сака да игра игри, таа едноставно нема да го трпи тоа. Навистина нема да си го губи времето со детски игри и топло-ладно моменти.

Таа шири самодоверба и среќа

Таа е девојката која девојките ја сакаат за пријателка, а мажите сакаат да бидат со неа. Таа има страст и амбиции. Таа е мистериозна, успешна и тврдоглава, а сепак изгледа како неодговорено прашање.

На прво место ги става своите соништа и страсти

Тоа е она што ја поттикнува и мотивира да продолжи. Таа има огромна листа со работи кои сака да ги направи. Таа би сакала да бидете дел од тоа, но нема намера да се откаже од својата листа. Ако сакате да бидете дел од нејзиниот живот, ќе мора да го прифатите тој факт.

Таа навистина може сама да ги направи работите и не ѝ е потребна помош

Таа ретко бара помош, затоа што сака самата да се снајде.

Има неверојатна потреба од простор и време за себе

Таа сака да биде со вас, но истовремено си го сака времето за себе. Неа ѝ потребно време за себе, за своите пријатели и семејство, но обожава да биде и со вас.

Таа живее за својата слобода

Нејзиниот најголем страв е стравот дека ќе ја изгуби својата слобода.

Таа не сака да ве повреди

Досега често ѝ го кршеле срцето и затоа многу внимава и на туѓите срца. Таа не се грижи за своето срце, знае дека сѐ ќе биде во ред. Но, се ужаснува од помислата дека би можела да ви го скрши срцето.

Таа ја споделува својата љубов со светот

Таа живее страствено и сака страствено. Тоа е она што луѓето највеќе го сакаат кај неа. Таа е светлина и глас за луѓето кои ги сака и кои ја сакаат. Таа има премногу љубов во нејзиното срце.

Таа точно знае што сака

Од оваа причина, нејзините критериуми се високи и нема да ги спушти за никого.

Таа се бори за работите во кои верува

Таа е тврдоглава и гласна и мрази неправди. Никогаш нема да премолчи нешто ако тоа оди во спротивност со нејзините уверувања.