Какви се Раковите во љубовта?

Луѓето родени во хороскопскиот знак Рак се многу грижливи и умеат да негуваат добри односи со блиските. Сепак, потребно им е извесно време да се отворат по запознавање на потенцијалниот партнер.

Оној кој сака да добие шанса, мора да биде посебен и да го земе целиот однос сериозно. Доколку сте вие Рак или можеби вашите партнери, веруваме дека ќе ве интересираат овие неколку факти.

Најдобри партнери

Во љубовта, на Раковите најмногу им одговараат земјени знаци како Јарец и Бик. Причината е стабилноста и доследноста, како голем плус. Луѓето родени во периодот април – мај, без поголеми тешкотии ја прифаќаат интровертната страна на своите избраници, а овие парови уживаат во домашни услови. Од друга страна, Јарецот е целосна спротивност на Ракот, и можат многу да научат едни од други. Тоа особено се однесува на зајакнување на емотивноста, односно подобра организација и постигнување на целите. Припадниците на хороскопскит знак Вага, се исто така во игра, како личности на кои им е важно воспоставување вистинска блискост, совети и поддршка. Тие умеат да препознаат убави гестови на внимание, кои Раковите често ги прават и заедно успешно ги решаваат сите недоразбирања. 

Мани

Првиот впечаток е дека Раковите се малку срамежливи или резервирани, па на додворувачите не им е лесно. Тие бавно излегуваат од својот оклоп. Избегнуваат конфликти, затоа што се чувствителни, што значи дека понекогаш, иако се вознемирени, ќе останат пасивни. Со оглед на тоа дека не е лесно да се читаат мисли, најдобро е да се работи на отворен разговор. 

Забавување и состанување

Поради горенаведеното, излишно е дополнително да се објаснува зошто за Раковите не доаѓаат предвид несериозни или паралелни врски. Додека не стекнат доверба, не покажуваат дека имаат чувства. Малку се традиционални и повеќе сакаат другата страна да се додворува, за да бидат сигурни дека постои наклонетост, а не обратно. Со текот на времето, стануваат заинтересирани за тивки филмски вечери и размена на чувства. Тие се одлични слушатели и имаат вистински совет во секој момент, но избегнуваат да го запознаат партнерот со широк круг на пријатели. 

Лош избор

Тие би требало да ги избегнуваат огнените знаци како Стрелците и Овновите. Првите се познати по тоа што не ги држи место, а тоа не им одговара на Раковите. Овенот, од друга страна, сака нови искуства и луѓето во овој знак умеат да бидат многу директни, без многу предвид за туѓите чувства. Ова може да претставува голема препрека во комуникацијата и да ја повреди другата страна. Во категорија на непожелни партнери е и Водолијата, затоа што на луѓето родени во овој знак многу им е важна независноста, просторот за себе и слободата, па брзо би се повлекле од врска која бара многу вложување.

Однесување

Кога еднаш ќе се опуштат, тие се многу посветени на врската и го покажуваат тоа. Често се расположени за романтични вечери или викенд надвор од градот. Еден од знаците дека врската оди во добра насока е запознавање со родителите и пошироката фамилија.