Какви се хороскопските знаци на работното место?

Најдобро заработуваат Шкорпиите, Биковите и упорните Лавови. Јарците никогаш не се задоволни, а Рибите и Стрелците се многу задоволни со тоа што и да прават.

Овен

Овните се отворени, самоуверени и прилично импулсивни. Тоа значи дека секогаш преземаат инијатива на работа и се големи лидери. Познато е дека Овните не сакаат мирување, па најдобро им одговараат занимања поврзани со политика, градежништво и образование.

Бик

На нив секогаш можеме да се потпреме. Тие се практични и искрени колеги, на кои одлично им лежи тимската работа. Можат да се пронајдат во финансии, уредување на ентериерот, медицински работи, инженеринг, адвокатура, маркетинг и односи со јавност.

Близнаци

На Близнаците им е потребна работа која секогаш ќе ги држи мотивирани. Ним ниту еден ден не им е ист со друг, па всушност монотонијата може да ги убие. Одлични се како уметници, дизајнери, архитекти, но и продажба, медицина и работа со деца.

Рак

Раковите се нежни сонувачи кои ја сакаат работата, но повеќе сакаат да имаат добар однос со колегите и се заштитнички настроени кон нив. Сакаат да одржуваат добар професионален,но и и пријателски односи и да се дружат со колегите после работа. Големи работници се, а одлично се снаоѓаат на полето на законите, психологија, образование или медицина.

Лав

Никој нема толкава потреба за моќ и титула како Лавовите. Тие се посветени, харизматични, забавни и големи оптимисти. Лесно освојуваат со шармот, а Барак Обама, личност родена во овј знак е прогласен за еден од најхаризматичните политичари во историјата. Им лежи политика, дизајн, уметност и образование.

Девица

Девиците се методични и многу посветени на работата. Тие се едни од најдобрите работници во хороскопот. Имаат око за детали и ќе ја проверат секоја ситница, а самите си се најдобар шеф. Сакаат работа која бара точност, истражувања и перфекционизам. За нив совршена работа е онаа во областа на литературата, филмската монтажа, продажба и подготовка на храна.

Вага

Вагите се многу друштвени личности, па ним им е потребна интеракција со луѓето за да остварат успешна кариера. Им одговара позиција на која нема да работат сами, туку во тим. Многу се кооперативни и успешни во остварување компромис бидејќи највеќе од се, ја почитуваат правдата. Одлично се снаоѓаат во работи поврзани со политика, социјална работа или спроведување на законите.

Шкорпија

Овие личности си интиуитивни и аналитични, а често и многу доминантни на работното место. Често се многу мистериозни, така што знаат и да ги нервираат своите колеги. Сепак, Шкорпиите се многу посветени на работата и се едни од најдобрите работници во хороскопот. Одлично им оди во работа поврзана со наука, образование, законодавство, а се одлични и детективи и инжењери.

Стрелец

Стрелците сакаат духовитост и етичност, а се одликуваат со силен позитивен став и оптимистички пристап. Љубителите се на патувањата и сакаат работа која прави да се чувствуваат слободни. Филмови, литература, маркетинг и односи со јавност се идеални занимања за нив.

Јарец

Јарците се приземјени личности, кои никогаш не го губат разумот. Истрајни се и многу одговорни. Тие се подеднакво добри шефови и работници. Најголем дел од Јарците работат на полето на уметноста, дизајнот, архитектурата и рестораните.

Водолија

Водолиите се познати како неконвенционални личности, кои се независни, но и многу поврзани со луѓето. Имаат природен дар за разбирање на новите технологии, а тоа се одразува и на нивните иновации. Одлични се на полето на авијација, астрономија, сметководство и фотографија. Тие често ја менуваат работата.

Риби

Рибите се најчувствителен знак во хороскопот, па често се претставуваат како маченици. Тие се емпатични и често ги ставаат туѓите потреби пред своите. Затоа им одговараат занимања од областа на здравјето и социјалната работа.