Какви се хороскопските знаци кога се во врска?

Ѕвездите ни откриваат многу за тоа какви сме како личности, а со тоа и како се однесуваме кога сме во врска. Бараме премногу од партнерот, или пак целите се внесуваме во љубовта?

Сите знаци се различни.

Овен – Искрени

Кај нив нема „мачкање очи“, тоа што ќе им падне на памет, тоа и го кажуваат. Тие имаат цврсти ставови од кои не се откажуваат лесно. Нивната личност е силна, а тоа е така особено кога се во врска. Понекогаш знаат да се однесуваат како тешки партнери, но штом се пронајдете со личноста која ја сакате, се е лесно.

Бик – Разумни

Вие сте многу практична личност, а тоа се одразува и на врските во кои влегувате. Додека сите околу вас паѓаат на лоши момци и чудни девојки и се жалат за тоа, вие сте личност која никогаш нема да го дозволи тоа за себе. Вие не сте досадни, само не сакате да ризикувате. Зошто би трчале по личност која не знае што сака или се однесува чудно, или пак ја сакаат сите други? Вие во љубовта давате шанса и кога нема многу хемија, бидејќи верувате дека потребно е време за многу работи.

Близнаци – Брзи

По природа, Близнаците се многу опуштени личности и многу шармантни за спротивниот пол. Затоа и многу нивни врски, почнуваат на платонски начин. Вие сте многу забавни и секој ден со вас е вистинска авантура. Делувате многу самоуверено, и во љубовта влегувате така, со брзина на светлината.

Рак – Песимисти

Со Раковите не е најлесно да се биде во врска, бидејќи некогаш едноставно не можат да прифатат дека љубовта носи и убави и лоши моменти. Тие сакаат да се во врска со личност која целосно ги разбира и која е слична на нив. Но, добро би било да избегнуваат вакви комбинации бидејќи тогаш оптимизмот е најсилни.

Лав – Посебни

Вие сте ѕвезда и свесни сте за тоа, што секојдневно ви се потврдува и во љубовта. Можат да ве освојат личности кои се слични на вас, но кои не го бараат истото внимание како и вие. Штом се заљубите, вие сте најверни и највнимателни личности на целиот свет.

Девица – Добри личности

Вие сте добри личности и секогаш се трудите да бидете добри кон луѓето, па така и кон саканата личност. На спротивниот пол, тоа му се допаѓа бидејќи сте разумни и одговорни, но понекогаш се грижите дека можеби сте предосадни и недоволно спонтани. Но, не се оптеретувајте со тоа.

Вага – Несвесни за својата привлечност

Вагите се потполно слепи и секогаш бираат партнери кои се неколку нивоа под нив. Тие едноставно не се свесни колку се привлечни. Престанете да им се извинувате на своите партнери за се и малку заземете се за себеси. Поради недостаток на самодоверба, се повлекувате во себе и дозволувате партнерот да победи секогаш.

Шкорпија – Интензивни

Да се биде во врска со Шкорпија е забавно, но само ако сте мазохист. Шкорпиите се многу интензивни личности, чиј интензитет не може да биде прифатен од сите. Тие се свесни за тоа, но не можат поинаку. Впрочем и горди се на тоа, бидејќи сексот со нив е незаборавен.

Стрелец – Забавни

Вие сте многу забавна личност кои се често и најсмешни во своето друштво. Шармантни сте и тоа е една од вашите најубави особини. Во врските, го гледате најдоброто во луѓето, што често може да биде и лошо за вас.

Јарец – Одговорни

Вие со секој партнер се однесувате мајчински/татковски, што на некои им одговара, но некои бегаат од вас. Но, вие не можете да си помогнете и за сите се грижите како за мало дете и им го давате сето свое внимание. Тоа понекогаш дава впечаток дека сакате да го контролирате партнерот.

Водолија – Независни

Дали ми се лутиш? – е порака која често ја добивате од своите сакани. Вам често ви треба време за себе, а тоа ретко кој го разбира. Не значи дека престанала да ви значи другата личност, туку дека едноставно ви треба време за себе. Во љубовта сте многу грижливи и верни и вистинска поддршка за своите партнери.

Риби – Емотивни

Рибите се толку емотивни, што ретко кој може да го поднесе тоа. Тие сериозно пристапуваат на секоја љубовна врска, но можете многу лесно да ги повредите. Ретко ги слушаат советите на своите пријатели и знаат да „паднат“ на лоши личности кои ќе ги повредат, но едноставно такви се.