Какви се газдите во Македонија?

Со големата миграција надвор од Македонија се намали и понудата на пазарот на труд, така се намали и изборот.Тоа што законите не функционираат како и каде што треба е дополнително отежнување на грбот на работникот. Всушност секогаш се удира по работникот кај нас.

-Има се уште добри луѓе кои едноставно очекуваат од вработените да дојдат на работа и да го сработат тоа за кое се платени. Најчесто за жал повеќето "газди" се алчни и лакоми, па кратејќи од залакот на работникот мислат дека ќе добијат повеќе, но губат. Вработените треба да се почитуваат и да им се даде до знаење тоа. Од друга страна пак тоа може да се злоупотреби од страна на работникот, да си мисли дека е незаменлив и се така во круг, вли Митко од Црниче.

Најлоши услови за работа има во секторите каде се бара нискоквалификувана работна сила, а сознанијата на синдикатот укажуваат дека најчесто работниците се жалат на несоодветни услови за работа, несигурна плата и занемарување на основните работнички права.

-Со платата секогаш касни понекогаш и по 25 дена. Никогаш не сме затвориле канцеларија точно на време секогаш остануваме до покасно. Сметам дека во Македонија газдите гледаат колку што можат максимално да те искористат и тоа е дел од наша кривица за да не изгубиме работа сите викаме ќути добро е. Се додека не знаеме да си го цениме трудот секогаш ќе работиме за мизерни 200 евра, Снежана од Бутел.

Газдите  во текстилната и преработувачката индустрија најчесто прават злоупотреби со минималната плата додека работниците мораат да молчат за ваквиот вид на злоупотреба бидејќи зависат од таа работа за основна егзистенција. Голем дел од нив им уплаќаат минимална плата на работниците во банките, но потоа им бараат назад дел. Ова се случува често и на крајот најоштетени се работниците.

При слаби инспекции и злоупотреби на ваков начин од страна на работодавачите на удар се работниците кои на крајот најскапо го плаќаат цехот за новиот закон за минимална плата, додека владата се фали дека го кренала просекот. На крајот од денот работникот е експлатиран и не е доволно платен за својот труд.

Но, постојат и работодавци кои си го ценат трудот на своите вработени и знаат како да ги мотивираат.

-Плата секогаш на време добивавме најкасно што сме добиле плата било 5ти. Секогаш има бонус за оние кои ќе се потрудат повеќе, К15 добиваме секоја година, вели Марко од Центар.