Какви се Биковите во љубовта?

Земјениот знак Бик е окружен со Венера – планетата на убавината и љубовта која му подарила привлечен изглед, шарм и сензуалност. Биковите се заводливи и сензуални, но за разлика од Вагата на која Венера и овозможува кокетна  и заиграна природа, Биковите се промислени и поодмерени, кога станува збор за љубовта. Во флерт се впуштаат исклучиво ако сакаат да остварат врска или пак сексуален однос.

Мажите Бикови

Тие се прототип за угледен и шармантен џентлмен, кој жените го обожаваат. Типичен е по својата пријатна надворешност, правилно лице, широки рамена и височина. Вишокот на килограми кои често знаат да ги имаат, не ја намалуваат нивната привлечност. Во младоста, мажите Бикови се склони кон љубовни авантури, но како што стареат им се зголемува потребата да се смират и да започнат свое семејство.

Кога ќе се заљубат, потребно им е повеќе време за да преминат во акција. Промислени се и помалку троми и не се впуштаат така лесно во заведување. Но, штом ја започнат играта, не прифаќаат неуспех.

Мажите Бикови сакаат убави и дотерани жени, но не паѓаат само на изгледот. Го освојуваат сензуални и страствени партнерки, но обожаваат и жени кои одлично готват и се грижат за својот дом.

Покрај себе сакаат посветена партнерка со која можат да изградат стабилен дом, а за возврат на неа и нудат верност и предаденост. Животот со овие мажи е ослободен од лоши и тешки зборови и висок тон, бидејќи кон своите жени, тие се многу нежни и внимателни.

Жените Бикови

Оваа згодна и сензуална жена ретко кого остава рамнодушен. На нејзиното правилно лице се истакнуваат полните усни и густа коса, а најсилен адут се нивните заносни облини со кои го скокотка машкиот пол.

Овие жени секогаш имаат додворувачи, но не се впуштаат лесно во врските. Тие имаат традиционален поглед на светот и често први им пристапуваат на мажите. Потребен им е силен и посветен партнер кому можат да се потпрат и затоа мажот кој сакаа да ги освои мора да е упорен, трпелив и внимателен. Дури кога ќе докаже дека има сериозни намери, жената Бик се опушта и станува подготвена за врската.

Кога ќе се заљубат и стекнат доверба во партнерот, тие се идеални партнерки. Сексот со нив е фантастичен бидејќи тие се страствени жени кои знаат како да го задоволат својот партнер. Тие се хедонисти по природа и затоа сите нешта со нив се пријатни и удобни. На овие жени им одговара партнер кој знае да ужива во животот, природата, уметноста и вкусната храна.

Како партнерки, тие се посветени и многу верни и се подготвени да направат сѐ  за своето семејство. Тврдоглави се и тешко ги признаваат грешките, но не обожаваат да се караат и да влегуваат во конфликти.

Жената Бик знае да биде љубоморна и посесивна, но по некое време станува потолерантна.