Какви ни се мислите за себеси – таков ќе ни биде и животот

Како навистина мислите за себеси – таков и ќе ви излезе на крајот животот. Клучот за среќата или несреќата е она што човекот навистина го мисли за себе во длабочината на душата, скриена од другите. Вистинското мислење за себеси се крие длабоко во потсвеста. 

Човек обично за себе го мисли она што во детството му го зборувале возрасните, од кои зависел. Наблиските возрасни: родителите, дедовците, бабите, учителите, воспитувачите. Детето до седмата година верува на сè што му зборуваат возрасните. 

Актерката Ава Гарднер била убава како слика. Вистинско совршенство. Нема зборови со кои би се опишала нејзината неверојатна убавина. Таа била и одлична актерка и играла во многу филмови. Но, таа глумела и се мажела – секогаш несреќно. Еднаш на едно снимање рекла: „Изгледа дека ништо не умеам да направам, просто немам талент. Ви благодарам на трудот, но јас навистина не сум за ништо.“

Чудно било да се чуе такво нешто од устата на неверојатна, убава и талентирана актерка, богата и славна. Но, таа навистина го мислела тоа. Тоа било нејзиното мислење за себе. Нејзината мајка ѝ го всадила тоа уште од детството: дека нема талент и дека залудно се труди, дека мажите се ужасни суштества и дека мора да биде благодарна дури и за трошка внимание на нејзината безначајна личност. И таа поверувала во тоа. Никој не можел да ја разубеди.

Сите верувале дека таа прекрасно живее и дека носи невидлива круна. Но, тоа не било круна, туку товар кој мајка ѝ го ставила на главата уште во детството.

Какво е нашето мислење за себеси, таков ќе ни биде и животот. Среќен или несреќен.  Секому се случува она што одговара на неговото мислење за себе. На крајот секогаш излегува така. 

Мораме да се трудиме да мислиме добро за себеси. Важно е она што го мислиме самите за себеси, а дури потоа што мислат другите. Можеби тие само ги читаат нашите мисли?

~ Ана Кирјанова