Какви изненадувања за нас крие алпската кујна?

Какви изненадувања за нас крие алпската кујна?

Срцето на Алпитe крие невкусени кулинарски искушенија. Освен неодоливата чоколада, часовниците и џебните ножиња, Швајцарија има и традиционална јадења кои сеуше не се познати во светот,  но сигурно ќе ги импресионираат дури и нејпребирливите гурмани. Покрај прекрасните планински погледи и неверојатните услови за скијање, Алпите исто така нудат извонредна храна комбинирана со разновидна комбинација на културнии традиции. Не секој знае какви и различни видови јадење нуди швајцарската кујна.  Регионот на Алпите и Доломитите има богато културно наследно кои се рефлектира во кулинарските традиции.  Швајцарската кујна е под влијание од кујните на Франција, Германија и Италија.

Еве некои типични швајцарски специјалитети кои на совршен начин ќе не стоплат за време на зимската сезона и ќе наполнат со енергија за долг ден на скии:

Kaizesmarn

Името на овој традиционален десерт кој посеќа на пaлачинка доаѓа од зборот „schmarren„ кој има две значање:  „кралска неред„ и „исечката палачинка“. Тој е со потекло од Австрија, но е популарен и во Швајцарија, Германија, Хрватска и Словенија.  Императорот Кајзер Франц Џозев – први бил обожавател на овој десерт, па дури и го нарекувал „мојата лудост“.

Карактеристичко за десертот е дека се служи на парчиња. Лесно се прави: потребно е шеќер, брашно, сол, млеко, се пржи како паланчинка и се сече додека е во тавчето.  Се служи посипан со шеќер во прав или карамелизирани ореви, а кон него може да се додаде џем од јаболко или слива, свежо или сушено овошје.

Без да одиме во Швајцарија може да ги пробаме традиционалните јадења во една раскошна и пријатна атмосфера.  Рестoран Фондо ни нуди можност да се насладиме на богатото мени од алпски јадења кои ќе ги разгалат нашите сетила во оргинален алпски стил. Во ресторанот се служат традиционални јадења од Швајцарија и Франција, направени од оригинални производи. Уникадниот ентериер и притаената светлина придонесува за целосна удобност на секој гости и таму ќе се чувствувате како да се во пријатна зимска колиба од Алпите. Внатрешност на ресторанот е со убави дрвени елементи, а столиците и сите маси се со оргинални швајцарски мотиви.

Бидејќи некои јадења се приготвуваат на маса, над секоја маса има аспиратор кој ја собира пареата.  Исто така има „шоу зона за готвење„, камин и вински бар.

Aligo

Ова традиционално швајцарско јадење се припрема исклучително лесно. Се подготвува од пиро од компири, сирење Томме кое се прави од млекото од домашни животни.

Компир пирето се меша со лук, рендано сирењ и путер и се зачинува со бибер и сол. Смесата се меша на тивок оган додека не се изендачи.  Потоа се сече со ноже за да се оддели од садот и се служи самостојно или со колбаси.

Се тврди дека јадењето било измислено од француските монаси во манастирот Dômerie d'Aubrac во 17 век.  Ова вкусно јадење им било служено на верниците кои патувале низ оваа област додека патувале кон Сантијаго де Компостела во Италија.  Во Франција постои традиција кога се служи ова јадење да не се јаде леб и да не се пие вино.

Швајцарска bundner торта со ореви

Овој десерт кој е исклутелно лесен за приготвување доаѓа од регионот на Graubünden, Швајцарија и  е направен со јајца, бадеми, ореви, мед и крем. Рецептот е создаден во 1920-тите, но постојат и рецепти за слична торта од деветнаесетти век, која сепак се разликува од модерната торта, бидејќи јадките се мешаат со тестот.  Модерен рецепт кој што вклучува посебно полнење со ореви е создаден во регионот на Енгадин.

Germknödel

Ова е вкусна торта е под тестена пита која е задушена или варена во солена вода. Се прави со полнење на џем од слива, рум, цимет, каранфилче, а од горе се полева со ванилин крем и се попрскува со афион.  Потекнува од регионот на Австрија и Баварија, Може да се служи како десерт или главно јадење.