Премиерот Христијан Мицкоски вчеравечер се огласи по повод нерешениот резултат на македонската селекцијата на стартот на Светското првенство 2025 кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
„Резултат на македонските ракометари вреден како за победа. Одлична игра и оставање срце на терен. Напред момци, Македонија е со вас! За Македонија!“, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
Навивачите уживаа во извонредна игра. Напред Македонија, за уште многу борби и уште многу победи во натпреварите што следат.