Каква е најубавата љубов на светот?

Најубавата  љубов на светот е онаа која е нежна. Онаа љубов која кажува многу нешта, без да зборува многу. Tаа е нежна, но многу моќна.

Најубавата љубов на светот е љубовта во која постојано се смееме. Таа е онаа во која тонеме во прегратките на саканата личност и нивните бакнежи кои ни создаваат трепет во целото тело.

Сите заслужуваме таква љубов која не ни прави да се сомневаме во себеси.

Заслужуваме љубов која дури и најголемиот песимист ќе го натера да верува во иднината, тоа е онаква љубов кај која дури и оние чии срца биле скршени сто пати повторно ќе поверуваат во нејзината магија.

Таквата љубов ни дозволува да бидеме свои, да веруваме во своите сили и која ни дава рамо за плачење и насмевка секогаш кога ќе направиме грешка. Таа љубов е љубезна, мирна и кротка, а толку силна. Таа е најлесното нешто што го чувствуваме. Љубов ослободена од стеги, од болки. Таа е љубов на срамежливи насмевки, гласна смеа и непрестано кикотење. Таа е нашиот дом, нашиот спокој. Таа се мери во насмевки, топли прегратки и топлина во нашите коски. Таквата љубов е топла, таа е како колиба во шумата, како топол оган во нашиот дом, како топол чај по студен, дождлив ден.