Каков е ефектот од физичката активност на нашето тело?

Знаеме дека одиме на вежбање бидејќи сакаме да ја исфрлиме негативната енергија и да изгледаме подобро. Но, што всушност се случува во нашето тело?

Согоруваме калории – согорувањето на калориите всушност настанува кога нашите мускули прават контракција и се движат.

Се загревате – како што вашето тело троши калории, неговата температура се зголемува и се потите. На тој начин, се исфрлаат штетните материи од вашето тело, но потта и го спречува телото од претерано загревање.

Вашето срце чука побрзо – вежбањето го забрзува чукањето на срцето, што придонесува кон повеќе крв и кислород кон мускулите. Со редовното вежбање, телото поефикасно обезбедува крв кон мускулите и другите органи.

Се подобрува системот за варење – се чувствувате ли понекогаш дека морате да одите во тоалет веднаш откако ќе почнете со вежбање, или пак веднаш по вежбањето? Затоа избегнувајте да јадете пред вежбањето и јадете неколку часа пред физичката активност.

Се поттикнува лачењето на хормоните на среќата – се лачи адреналин, а се намалува лачењето на лошиот хормон на стресот – кортизол. Вашето тело се чувствува како да летате и така понатаму се лачи ендорфин, кој ја намалува болката во мускулите и го подобрува расположението.

Вашиот мозок се активира – физичката активност ги подобрува и способноста за размислување, фокусот и меморијата поради забрзаниот крвоток.