Како живеат пензионерите во Европа, а како во Македонија

Во балканските земји просечните примања на пензионерите се значително пониски од и онака ниските примања на останатите граѓани, со што мнозинството пензионери немаат доволно пари ни за основните животни потреби.

Од сите земји во регионот, но и во повеќето земји во Европа, просечните пензии во Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ) се убедливо најмали, а во овие земји најмали се и просечните плати.

Претседателот на синдикатот на пензионерите во БиХ, изјавил дека поголем број од пензионерите во земјите од регионот, а посебно во БиХ немаат доволно пари ни за основите животни потреби.

„Пензионерите во БиХ живеат тешко, јас би ги опишал како „уметници без пари“ бидејќи така се кажува за отмените луѓе кои не можат да купат ни леб. Пензионерите во БиХ немаат пари ни за основните животни потреби и во моментов се една од најзагрозените општествени групи“, изјавил Шуње.

Според него, голем број пензионери низ цела БиХ успеваат да преживеат со тоа што се хранат во разни хуманитарни и јавни кујни.

„Во јавните кујни пензионерите преживуваат така што за себе обезбедуваат барем малку леб, супа и млеко. Ако видиме на државно ниво, иако не постојат официјални податоци, околу 30 проценти од пензионерите се хранат во јавните кујни и разни хуманитарни и добротворни организации. Многу помагаат и роднините, пријателите и посебно оние роднини кои живеат во дијаспората“, вели Шуње.

По БиХ, следи Србија каде според податоците на државниот пензиски фонд, просечната пензија изнесува 219 евра, а просечната плата пак исплатена во март годинава изнесувала 367 евра, што значи дека просечната пензија е за 150 евра помала од просечната плата.

Најголема просечна пензија во балканскиот регион имаат Црна Гора и Хрватска, и истата се движи околу 300 евра.Според податоците на црногорскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување, просечната пензија во земјата е 278 евра, а просечната плата исплатена во мај годинава изнесувала 480 евра, односно истата е за 200 евра поголема од просечната пензија.

Најголема пензија во регионот имаат хрватските пензионери, и истата според официјалните податоци изнесува 310 евра. Според хрватскиот завод за вработување пак просечната плата во земјата изнесува 718 евра, со што истата е за 400 евра поголема од исплатата на просечната пензија.

Во голем број европски земји пак, има поголеми просечни плати, со што и пензиите и стандардот на пензионерите е значително поголем.

Според податоците на државните институции, просечната плата во Франција изнесува 2.041 евро, додека пак просечната пензија во земјата е 1.120 евра. Просечната плата во Шведска изнесува 2.281 евро а пензијата пак е околу 1.350 евра. Во Германија пак, просечната плата изнесува 2.234 евра, а просечната пензија околу 1200 евра.