Како заведуваат моќните дами?

Доколку умеете да се насмеете на своја сметка, да го искажете своето мислење, да учествувате во разговор и при тоа сте искрени и малку мистериозни, на чекор сте да го заведете вашиот потенцијален партнер.

Колку повеќе се сакате себеси, толку повеќе и тој ќе ве сака вас. Морате да имате високо ниво на самодоверба и самопочит. Иако не постојат правила во љубовта, имајте на ум што е пожелно однесување кое ќе придонесе да пораснете во неговите очи и да го освоите срцето на речиси секој маж.

Духовитост

Сите мажи сакаат опуштени девојки кои знаат да се насмејат на своја сметка и да се насмејат од срце. Смејте се опуштено, без срам и воздржување.

Самоувереност

Жените кои се сигурни самите во себе и знаат што сакаат се повеќе посакувани во секоја смисла: романтична, професионална, пријателска...

Искреност

Не измислувајте глупости само за да му се допаднете на потенцијалниот партнер. Бидете опуштени, искрени и свои, колку и да мислите дека вистината е смешна или незгодна. На крајот на краиштата, секој поседува некакви карактеристики или животни искуства од кои не треба да се срами, затоа што токму тие го прават поинаков од другите. 

Образование

Не морате да имате докторат, но вложувањето во себе и своето образование е привлечно затоа што отвора полно различни теми за разговор. 

Комуникативност

Идеално е кога жената секогаш има подготвен одговор на поставено прашање, но сепак доволно е да го искажете своето мислење и да ја поттикнете комуникацијата со поставување на прашања, но да не бидете премногу дрски.

Физички изглед

Негувањето и грижата за себе се привлечни карактеристики. И ова не треба да го правите за маж или кој било друг, туку за самите себе. 

Таинственост

Одредена доза мистерија е секогаш пожелна. Немојте се да му откриете уште на првиот состанок. И мажите сакаат да бидат мистериозни, зошто да не бидете и вие. Освен тоа, во машката природа е да освојуваат и откриваат, така што воопшто не им е предизвик да дознаат се за вас од прва.

Недостижност

Не смеете да бидете достапни во секој момент. Оставете го да се запраша што правите и со радост да исчекува кога повторно ќе ве види.

Не станува збор за играње со потенцијалниот партнер, туку да не ги запоставувате секојдневните навики, пријатели и професионални обврски.

Стил на облекување

Мора да се знае каде е границата на добриот вкус. Колку и се наметнува нешто од страна на актуелните трендови, бирајте го она што и одговара на вашата фигура. Освен тоа, секогаш посекси е откриеното рамо отколку целосно голо тело.