Како возел само тој си знае, уапсен кумановец откако „дувнал“ 2.34 промили алкохол

Вчера во 00.58 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, полицијата го уапсила 45-годишниот В.П. од Куманово поради возење во пијана состојба.

„При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта“, информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.