Како во мафијашки филм: Од мотор во движење со автоматска пушка пукано кон куќа во Тетово

Утринава во СВР Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, едно машко лице од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечило од местото.

-При увидот се констатирани оштетувања на дворната метална врата, фасадата од куќата, летниковецот во дворот, како и на паркирано патничко моторно возило „бмв“. Од местото се подигнати шест проектили за вештачење, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.