Како во Колумбија, имал од сè по нешто: Уапсен гевгеличанец поради дрога - еве што сè било пронајдено во неговиот дом!

При претрес во Гевгелија пронајдена била дрога и лишено од слобода било едно лице.

Како што информираат од МВР, вчера во 13:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.Ј.(42) од Гевгелија.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела грутчеста материја, црна грутчеста материја, марихуана, предмети со остатоци од марихуана, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, предмети исполнети со проѕирна течност и други предмети.

Претходно, на улицата „Коле Неделковски“ во Гевгелија, при преглед кај В.Ј. полициските службеници, исто така, пронашле и одзеле марихуана.

„За случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против В.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.