-Пред извесно време дојде мој близок роднина од Шведска, ме прашува како е живејачката во Скопје? Стигнува ли, почнав да му раскажувам, работам веќе три години како шивачак во една текстилна компанија, платата ми е 9000 денари. Секоја сабота и празници се работнни, а често се останува прекувремено. Останува и прекувремено за да ја исполнила нормата до крајот на месецот, за да  не ми скратуват по 10 до 20% од платата. За мене немањето пари е она кога немаш да си купиш леб. Тоа е лицето на сиромаштијата во Македонија....Само климнуваше со глават за на крајот да ми рече да да и кај на е тешко, раксажува Радмила од Маџари.

Според објавените подтоци зголемување на стапката на сиромашија во однос на претходната година има за 0,3 проценти, кога сиромашни биле 21,5 отсто од населението или 445.200 илјади граѓани, а намалување во однос на 2014 година кога 22,1 процент или 457.200 граѓани биле сиромашни.

-Во овој маркет купувам еден производ, во друг купувам – друг, за поевтино, за да заштедам 5-10 денари. Сметките не чекаат. Ако не ги платиш, ако ти изнајдат дека должиш само 1 денар, ќе ти пратат извршител и ќе мора да платиш околу 12.000 денари, раскажува Бранко од Кисела Вода, работник во приватна фирма.

Со 200 евра плата не можам да го издржувам семејството.Влегувам дома и сите бараат, а јас немам да им дадам. Премногу е тешко да се преживее, камоли нешто да си купиме за облека или недај боже да се разболиме. Мојата жена во моментов не работи, целата грижа за семејството е на мој грб, И како вака да се живее? Фактички, не живееме, само преживуваме. Во безнадежност, немоќни, безволни нешто да преземеме, надевајќи се дека нешто магично ќе се случи за да се извлечеме од ова дереџе, вели Бранко од Скопје. 

Анализирано по типови домаќинства, најголема стапка на сиромаштија од 50,6 проценти има кај домаќинства со три или повеќе издржувани деца, а најниска во самечки домаќинства со еден возрасен член на возраст од над 65 години.

Од статистичките податоци може да се види и дека стапката на сиромаштија пред социјалните трансфери изнесува 41,6 проценти, пред социјалните трансфери со вклучени пензии 25,7 проценти и по социјалните трансфери 21,8 проценти.

Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход.