Како успеавме да ја изедначиме емотивноста со слабост?

Ако сте малку поемотивни или ако ве допираат работите околу вас, во очите на модерното општество вие сте на чекор пред „нестабилност“.

Не дај Боже да се распаднете или да бидете тажни ако ја прекинете врската. Не дај Боже некој да види дека сте тажни во јавност. Денес се мора да изгледа совршено.

Без траги од повреди, без крв, со совршено алиби. Преку сѐ мора да се премине брзо и безболно, како воопшто да не се случило. Инаку, ако не сме ладни, тогаш изгледа сме слабаци.

Некои луѓе воопшто не се впуштаат во односи од страв дека тоа ќе заврши и дека ќе бидат повредени. Луѓето се лажат меѓусебно дека не се грижат и замараат само за да избегнат одбивање и евентуален „срам“ ако се случи тоа одбивање.

Голем број луѓе имаат „виртуелни врски“ на Фејсбук и Инстаграм, а кога таа личност ќе ја видат во реалност, се парализираат од реалниот контакт и бегаат на другата страна на улицата. И не зборувам само за младите луѓе кои се во чекор со овој виртуелен хорор во кој живееме.

Додека се криеме зад социјални мрежи, хаштагови и филтери, лажни ставови и начела, животот се случува и си проаѓа.

Однадвор сите сме толку кул, недопирливи, непобедливи, ладни, дистанцирани и силни, а одвнатре сите гориме, се кршиме и голтаме работи кои не би требало да ги кажеме на глас.

Каков е тој живот ако го живееме во страв од покажување чувства?

Драги мои, ние сме ужас!