Како успеав да направам да биде тешко некој да ме засака?

Откако неодамна раскинав со дечкото, морав да размислувам за тоа каде работите тргнаа во погрешна насока и зошто. На крај сфатив дека и во оваа врска се повторуваа многу шаблони од претходните мои врски.

Сфаќајќи дека единствениот заеднички елемент во моите пропаднати врски сум јас, немав друг извор освен да заклучам дека голем дел од одговорноста паѓа на мој грб.

Решив да престанам да ги обвинувам сите освен себе и да ги препознаам моите навики кои предизвикуваа штета во моите врски, навики кои сакам да ги променам.

Ова се моите заклучоци:

На мојот дечко му ја зададов невозможната задача да направи да се чувствувам „таман“ и се обидов да го добијам неговото одобрување со тоа што постојано се трудев да го задоволам/импресионирам.

А потоа се разочарував, затоа што мислев дека тој ме прифаќа поради тоа што можам да го направам за него, наместо да ме прифаќа онаква каква што сум. На овој начин го притиснав до ѕид: што и да направи, ќе биде погрешно.

Не му кажав како се чувствувам, ниту пак барав што ми е потребно, ниту пак му објаснив што треба да направи за да се почувствувам сакана.

Се преправав дека ништо не ми треба, а истовремено имав потреба да бидам потребна. Не верував и ги игнорирав неговите обиди да се грижи за мене.

Очекував да не ме сака и да ме остави кога ќе сфати која навистина сум и секоја критика ја сфаќав премногу лично и за мене тоа беше доказ дека тој не ме сака.

И на тој начин секогаш имав стратегија за бегство, наместо да ги решам проблемите и да размислам за критиките (особено кога беа оправдани).

Наместо да ги споделам ранливите чувства со мојот дечко...

Јас ги игнорирав очекувањата дека нема шанси да бидам сакана се додека се појавија тешкотиите кои највеќе беа поврзани со лошата комуникација.

Избрав некој што мислев дека има чувства за мене, а не некој со кого сакав да бидам

Затоа што не верував дека заслужувам љубов. Најверојатно тој го чувствуваше тоа и затоа му беше тешко да се опушти и да ме сака.

Ретко преземав иницијатива во врската затоа што се плашев дека ќе бидам одбиена

Јас бев плашлива и постојано барав дозвола или чекав покана.