Како умираат пријателствата?

Во фази. 

Така почнува тоа. 

Прво почнуваш да мериш кој повеќе се јавувал. Потоа одеднаш чувствуваш некаков притисок дека нешто мораш да правиш. Не си сигурен дали сакаш да правиш нешто или не, само ете нешто те притиска, а не е океј кога нешто притиска. 

Потоа следи фаза кога имаш чувство дека пресушиле сите теми за разговор. Ако порано постојано сте зборувале, одеднаш сфаќаш дека не ни памтиш кога последен пат сте се чуле. 

А тогаш постојат две патеки по кои можете да се движите:

Едната патека, по која одат зрелите луѓе (кои се реткост) е разговорот. Седнуваш со личноста и велиш: „Нешто не е океј. Ајде да видиме дали може да промениме нешто.“

Втората патека е да замолчиш и да почнеш да се чувствуваш:
а) исклучено
б) напуштено
в) разочарано
г) осамено

Тогаш почнуваш да размислуваш само за тоа што некој не направил, а ти мислиш дека требал да направи. Не ти паднало на памет да размислиш за околностите во кои се нашла таа личност. Ти е гајле. 

И последната фаза, онаа која наизглед не боли затоа што никој никому не се јавува, а во суштина го руши целиот свет кој заедно сте го граделе, е фазата во која сите молчат. И оставаат така да завршат работите. 

Така умираат пријателствата. Бавно, тажно и болно.

За секое пријателство кое умрело во тишина згаснуваат неголку ѕвезди и барем 5 орхидеи решаваат да не цветаат.

Сигурна сум.