Како слави Шкендија: Акраповиќ запеа во соблекувална, играчите по него…(видео)

Фудбалерите на Шкендија славењето по пласманот во плејофот во Лигата на Европа го започнаа уште во соблекувалната. Главен церемонијал-мајстор беше тренерот на тетовци, Бруно Акраповиќ. Тој во стилот на Жељко Бебек ја започна песната од „Бело дугме“, а веднаш му се придружија и фудбалерите.