Како сината светлина од компјутерите и телефоните влијае на нас?

За сите нас кои минуваме голем дел од денот пред компјутерите, сината светлина претставува голем проблем. 

Таа влијае на нашето здравје и благосостојба во поголема мера одошто мислиме. Според едно ново истражување, таа не влијае само на нашите очи, туку и на нашето севкупно здравје.

Речиси повеќе од 60% од луѓето минуваат повеќе од 6 часа дневно на своите компјутери и телефони. Токму тие се главниот извор на сина светлина која има потенцијал да ги оштети нашите очи. 

Видливото светло продира длабоко во очите и може да ја оштети нашата мрежница. 

Според научниците кои го воделе истражувањето, сината светлина не влијае само на нашите очи туку и на неврокогнитивните функции и движењето. Тие покажале дека таа значително го намалува нашиот фокус и концентрација и препорачуваат да заборавиме на технологијата особено во текот на ноќните часови.