Како што старееш, сѐ повеќе живееш за моментите кои не можат да се опишат со зборови...

Како што старееш, твојот поглед на светот сѐ повеќе се прочистува. Повеќе не ти е дојдено до напнати излегувања на популарни места, ниту ти е дојдено до тоа кого ќе видиш таму или кој ќе те види тебе. Доволна ти е твојата куќа, поглед на зајдисонце и личност со која ќе ги разменуваш своите мисли.  Потребна ти е една драга личност која ќе те разбере во тој свет и која ќе ја сакаш без многу зборови, во тишина и без многу гестови.

Како што старееме, немаш повеќе време некому да му бидеш ништо, па веднаш се оддалечуваш од луѓе кои не те почитуваат, луѓе кои само те искористуваат и луѓе кои те игнорираат. Сфаќаш дека е добро да имаш пари, но најважно е да го имаш својот мир и чиста совест, па повеќе не се оптоваруваш дали можеш повеќе да заработиш.

Почнуваш да уживаш во оние мали работи во кои секогаш си можел да уживаш, но не си го правел тоа, затоа што не си бил способен. Како што старееш, почнуваш да живееш за моментите кои не можат да се опишат со зборови. Повеќе не ти значи како ќе изгледаш, што ќе облечеш, како другите ќе те гледаат, а најважно ти станува тоа како се чувствуваш. 

Го ослободуваш срцето од замерки, не ја памтиш секоја замерка и не очекуваш премногу од луѓе. Доволно ти е да имаш онолку колку што е потребно за живот, а сѐ повеќе од тоа ти е сеедно. Сфаќаш дека среќата навистина е во малите работи. 

Како што старееш, животот станува поедноставен, повеќе не ги комплицираш работите и ги замоуваш комплицираните личности да те заобиколат. 

Како што старееш, сфаќаш колку е драгоцен секој момент и повеќе ниту еден од нив не ги препушташ на случајноста, туку одлучуваш да го поминеш секој момент правејќи го она што те исполнува и те прави среќен човек. 

Не се грижиш што ќе кажат луѓето, ниту како ќе те гледаат. Сега ужива во сознанието дека твојот живот е само твој и дека ти ги одредуваш правилата во него.