Како што го сакам... Нова кампања на Cermat за Метрополи сладоледите која нема да ве остави рамнодушни

„Некои тоа го сакаат дрско, а некои го сакаат нежно, романтично...“

„Некои тоа го сакаат само за себе, а некои го сакаат во пар...“

„Некои тоа го сакаат без обврски, а некои го сакаат секој ден...“

„Метрополи“, како што го сакам.

„Како што го сакам“... e новиот слоган на кампањата на македонскиот производител на сладоледи и замрзната храна Цермат кој го разбранува македонскиот етер.

Во центарот на вниманието на рекламата се наоѓа една од најсилните импулсни емоции – страста, која во самата реклама доминира на многу мудар и природен начин, а го симболизира чувството на задоволство од консумирањето на премиум нешта, каков што е сладоледот „Метрополи“.

Инспирацијата, според креативците и компанијата доаѓа од добро познатиот факт дека сладоледите се производ што се купува импулсивно, го сакаме во истиот момент кога ќе го здогледаме, затоа што неговата консумација ни претставува задоволство и уживање. Па, како и сите нешта кои страсно ги задржуваме само за себе или ги правиме во пар, ги сакаме дрско или нежно, повремено или секојдневно, така е и со сладоледот „Метрополи“ - суптилни пораки, спакувани во премиум, престижна и „straight to the point“ комуникација, која апсолутно не остава простор за рамнодушност.

Еве како тоа изгледа, за оние кои сè уште не ги виделе

 

 

Сладоледите „Метрополи“ доаѓаат во неколку премиум вкусови и различни пакувања за индивидуално или групно уживање, и тоа: Монако, Барселона, Париз, Берлин, Лондон, Брисел, Рио, Виена, Милано, секој со својот уникатен, полн вкус за паметење.

И бидејќи ништо не е случајно,  доколку погледнеме подлабоко во значењето на пораките од кампањата, наидуваме на едноставна интерпретација на вредностите на македонската компанија Цермат, компанијата која стои зад оваа кампања и тоа: високо ниво на корисничко задоволство за кое компанијата се залага преку стотиците производи, достапни во стотици продажни места во земјата и во странство; 25 годишно искуство и знаење кое компанијата ја прави лидер на македонскиот пазар во својот домен на работење и страст која ја интерпретира во секој нов производ на пазарот.

А како го сакате вие? ;)