Невработен
Како се викаат луѓето кои се среќни во понеделник?
– Невработени.
Куќа
Што прават Скопјани кога ќе отидат во Македонско село?
– Секој се слика пред својата куќа.
Држави во Европа
Колку видови држави има во Европа?
– Три: Држави во Европска унија, кандидати за членство во Европска унија и Македонија.
Лукоил
Каде драчевчани не ставаат гориво?
– На ЛУКоил.
Глушец
Како пее глушецот кој на раат си глода во визбата?
– Подрум одам мајче, подрум шетам…
Повраќање
Како повраќа влав?
– Со стиснати заби за да искочи само течноста.
Пауза
Зошто се мекиците на стража на Рекорд?
– За да можат драчевчани да прават пауза кога одат до Сити мол.
Што е Љубов
Го прашале професорот:
– Што е љубов?
– Не ја знам таа лекција.
Го прашале таксистот:
– Што е љубов?
– Не сум слушнал за таа улица.
Го прашале детето:
– Што е љубов?
– Не ја знам таа игра.
Го прашале лудиот?
– Што е љубов?
– Она што ме направи ваков.
Кока-кола
Зошто Влав не купува Кока-кола?
– Затоа што на шишето пишува „СПОДЕЛИ“.
Најлоша спојка во животот
Која е најлошата спојка во животот?
– Склероза и пролив. Трчеш а незнаеш каде.
Нимфоманка
Како се вика босанска нимфоманка?
– Небира.
Келнер
Кое е универзалното име за келнер?
– Извини!
Патриотизам
Што е патриотизам во денешно време?
– Да се јавиш три пати кај Тања и два пати кај Јанко.
Како се вика со друг збор ‘похован кромид’?
– Драчевска лигња.
Јајца
Што е тоа што има две јајца, а 100 заби?
– Крокодил.
А што е тоа што има 100 јајца, а два заба?
– Пензионерски дом.
Извор: Курир