Како се однесува маж кој не ја сака жената?

Не те сака ако не те прегрнува спонтано, ако не разговара со тебе за ситници, ако не ти се јавува во текот на денот да праша како си...

Не те сака ако не можеш да сметаш на неговата помош. Кога мораш да се грижиш за него како да е незрело дете, а не возрасен маж. 

Не те сака ако те исмева. Кога не те забележува ни тебе, ни твојот труд. Кога ти вели дека јадеш многу или дека не може да го јаде тоа што си го зготвила затоа што храната што ти ја готвиш не е иста како храната на која е навикнат.

Не те сака ако постојано ти се меша во тоа што го правиш, своите одлуки ги подметнува како твои, кога ти вели дека зборуваш глупости, дека не размислуваш со своја глава, дека си глупава ако го мислиш тоа што го мислиш...

Не те сака кога ти вели: ти си виновна. Не те сака кога не одобрува ништо од тоа што го правиш и зборуваш. 

Не те сака, затоа што секое „те сакам“ мораш да го изнудуваш од него или да го молиш да ти го каже. 

Психолог Ана Кирјанова