Како се градеше споменикот Илинден?

„Илинден“ или Македониум — споменички комплекс во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание. Изградбата почнала во 1970 година и биле потребни четири години за да биде завршен.

Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.