Како се движат цените низ поголемите скопски маркети?

Ценометар ги објави цените на повеќето продукти низ најголемите скопски маркети.

Бананите за килограм се над 69 денари, лимонот над 75 денари. Маслото за јадење е најевтино во Стокомак – 135, во Кам – 142, во Тинекс- 142 денари, додека во Кипер е 155 денари.

Табла јајца чини од 263 до 275 денари низ скопските маркети.

Млеко, зависно од брендот, нема поевтино од 51 денари.

Кашкавалот чини од 451 денари па нагоре за килограм.

Меленото месо е најевтино во Рамстор – 249 денари, потоа во Кипер - денари, додека во Кам е 339 денари, во Стокомак 286 денари.

Поскапување има кај замрнзатата риба ослиќ која се продава од 118 до 185 денари за килограм.

Цените на повеќето намирници низ различни маркети во главниот град може да ги погледнете и споредите на следниов ЛИНК.