Како се бакнуваат хороскопските знаци: Шкорпијата сака долги бакнежи, Овенот импулсивни

Бакнежот нема да ви загарантира потполна среќа до крајот на животот, но ќе добите малку уживање и забава во убавите моменти. Бакнежот велат е најинтимниот чин со кој пристапувате кон некој што ви се допаѓа. Наспроти него, сексот е нешто што можете да го практикувате со секој кој во вас ќе предизвика желба, но искрено можете да го бакнете само оној кој навистина ви се допаѓа. Погледенете како се бакнува секој хороскопски знак.

Овен

Око сте родени под ѕвездата на овeнот, веројатно сте креативни, приспособливи и проникливи. Поради тоа вие сте спонтани и саката авантури. Секогаш сте подготвени да пробате нешто ново, не ве плаши ништо во врската бидејќи брзо се приспособувата кон новите ситуации. Од сите пријатели, вие сте единствената личност која ќе испланира викенд со партнерот само за да му покажете колку ви значи.

Бик

Споро, сензуално и цврсто како карпа... тоа е бикот и затоа неговите врски имаат тенденција да траат подолго од многу други знаци. Друга причина е нивното чувство за допир – начинот на кој допираат кажува дека ќе добиете бакнеж многу побрзо од тоа што планирате. Кога прв пат ке бакнете бик, не го правете тоа брзо, бикот не сака жешки и брзи бакнежи. Овој знак сака работите да течат полека.

Близнаци

На близнаците прво треба да им го привлечете вниманието. Прво со погледот, па со насмевката, а дури потоа и да размените неколку зборови. Близнаците ќе проценат дали сте способни да водите долги разговори и да ги придобиете. Дури потоа бакнеж. Бакнежот е брз, секски и разигран. Кога прв пат ќе бакнете близнаци, кажете им го тоа. Овој знак подобро реагира на зборови отколку било кој друг.

Рак

Погледнете ја куќата на еден рак. Таа е со домашна атмосфера, удобна и топла. Таков е и бакнежот на ракот, топол и прекрасен, а веројатно нема да сака да запре само на еден бакнеж. 

Лав

Можете ли да замислите како чекате во ред за да видите дали вие сте онаа која ќе добие роза? Тоа е она што ве очекува ако се обидете да го привлечете лавот. Кога прв пат ќе бакнете лав, направете го тоа драматично. Овој знак сака живот како на филм, а ќе биде разочаран доколку сте конвенционални и досадни. Лавовите сакаат стравствени бакнежи.

Девица

Девицата не сака валкано, неорганизираност и хаотична околина и затоа ќе бара совршени услови пред да може да се опушти и да ужива во бакнежите. Кога ја бакнувате девицата проверете го здивот, проверете ги забите и вежбајте добра техника бидејќи тие добро го владеат материјалот.

Вага

Вагите се најромантичниот знак на хороскопот. Тие живает да им удоволат на другите, но сакаат и тие да бидат задоволени од страна на нивниот партнер. Доколку поминете совршено време со вагата, ќе го добиете најстравственото, романтично искуство кое некогаш сте го добиле. Вагата знае добро да се бакнува, па проверете дали знаете што правите. 

Шкорпија

Навистина постои само еден збор кој може да ја опише шкорпијата – и тоа важи за која било шкорпија на секое место и во секој момент, кој било ден: Страст. Тие се стравствени во сѐ што прават. Пред да ја бакнете шкорпијата прв пат, погледнете ја во очи. Одржувајте интензивен контакт со очите. Бакнежот треба да е стравствен, но под контрола.

Стрелец

Стрелците секогаш сакаат повеќе – особено кога станува збор за бакнежите. Кога прв пат ќе бакнете стрелец, правите тој да се чувствува разиграно. Овој знак не ги сфаќа работите сериозно, па дури и бакнежите и затоа бакнувањето со него би изгледало како тинејџерско бакнување на клупата во паркот.

Јарец

Јарците не се романтични, но тоа не е невозможна мисија. Само им треба малку повеќе време да го постигнат тоа. Нивниот бакнеж е рафиниран, елегантен и секси. Кога прв пт ќе бакнете јарец, не е лошо да му побарате дозвола или прво да му најавите. Сакаат да им покажете малку почитување. Немојте да ги бакнувате во јавност.

Водолија

Водолиите се ексцентрични, но тие всушност имаат тенденција да бидат најневпечатливи кога се во прашање романтичните заплети. Тие сакаат ненадејни бакнежи. Кога прв пат ќе бакнете водолија, испливуваат некои нови техники. Ова е знак кој сака да експериментира и тие се пробале. Не сакаат бекнежи во јавност.

Риби

Рибите со задоволство прво ќе ве бакнат во образ па во уста. Нив им е важно да чувствуваат физичка блискост за да дојде до бакнеж. Мирисот им е многу важен, затоа мирисајте убаво пред да почнете да ја бакнувата сензуалната риба.