Како против несоницата?

Еве неколку корисни совети како да ја победите несоницата :

  1. Обрнете внимание последната шоља кафе да ви биде 7 до 8 часа  пред да заспиете. Кофеинот од кафето ви дава премногу енергија и тоа може да доведе до проблеми како што се несоница или пак немири во сонот.
  2. Некогаш неправилната положба на главата може да доведе до лачење на повеќе секрет од носот кој ќе ви попречи во спиењето. Најправилна положба за главата е кога ќе ги ставите рацете под главата и ќе легнете на страна.
  3. Болката во вратот може да биде уште една од причините за несоница. Како причина за тоа може да се јави перницата на која спиете. Се препорачува да ја менувате перницата на секои две години.
  4. Алкохолот е уште една причина за немирен сон. Одбегнувајте алкохол во доцните часови.
  5. И за крај за оние кои имаат проблем со будењето, доколку ви е тешко станувањето рано на утро тогаш поставете си рутина на станување секој ден во исто време!