Како позитивното размислување може да ни го промени животот?

Сигурно сте свесни за оние денови, или пак делови од денот кога сте добро расположени, па изгледа како сите нешта да доаѓаат на свое место. Исто така, постојат и денови кога се чувствуваме лошо и целиот свет ни изгледа како непријателско место.

Но, светот не се разликува во тие денови. Вие сте различни.

Сите нешта се сведуваат на законот на привлечноста, теоријата која беше популаризирана со книгата „Тајна“ која особено беше популарна во 2006 година. Нејзината суштина се сведува на тоа дека го привлекуваме, тоа за што размислуваме.

Нашите мисли се важни, и тоа многу повеќе одошто мислиме. Нашите мисли ги создаваат нашите чувства, нашите чувства го креираат нашето делување, а нашето делување го создава нашиот живот. Сите тие нешта се меѓусебно поврзани.

Особено важно е како разговарате со себеси. Доколку постојано си наоѓате маана и се критикувате, вие ќе бидете постојано негативно расположени. Голем дел од луѓето прават една огромна грешка, со што се сосредоточуваат на тоа што не го сакаат, наместо на тоа што го сакаат. Минуваат огромен дел од своето време мислејќи на тоа што не сакаат да се случи во нивниот живот.

Важно е себеси да си кажуваме позитивни и пријатни зборови и да си бидеме најголеми обожаватели. Впрочем, ако и самите не се сакаме себеси, кој да не сака и поддржува?

Посветете се на добрите нешта во вашиот живот. Наместо да бидете мрзеливи и во лошо расположение наутро, прашајте се што можете да направите за да не се чувствувате така. Кафе, смути, чај или пак убав појадок?

Не ја трошете енергијата жалејќи се. Наместо тоа, смислете како да биде подобро, како самите да бидете подобри.

Забележете ја разликата.