Како помина првиот училишен ден?

Денеска официјално започна новата учебна година. Учениците до трето одделение ќе посетуваат настава со физичко присуство, освен оние средни училишта кои ги исполнуваат условите за одржување на физичка настава.

Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, a за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија.