Како печурки никнуваат згради во секое ќоше кај нас, а Скопје е трусно подрачје

Околу 5.600 згради се урнати во Турција. На социјалните мрежи се споделуваат потресни видеа како објектите се уриваат како кули од карти. 

Земјотресот во Турција и Сирија го наметна и прашањето колку се квалитетни градбите и наедно отпорни на потреси. 

Овој став на социјалните мрежи на младата Дариа го покрена прашањето на едно повисоко ниво:

-Наместо сувопарно изразување сочувство после земјотреси, би било добро да се извлекува и лекција.

Како печурки никнуваат згради во секое ќоше кај нас, дури и сега кога цените на градежните материјали се драстично рипнати;

Градежните инспектори постојат само проформа;

Досадни сме им на урбанистите, планерите и градоначалниците кога им велиме дека мора ДУП-овите да се навистина плански изработени и секогаш да имаат на ум потенцијален земјотрес… не може да си обиколен од бетонски зданија и во вакви ситуации да не можеш никако глава да спасиш;

Во Турција, каде редовно има обуки за граѓаните, планови за заштита и страшно добра организација за извлекување на затрупаните - повторно има жртви.

Навистина не сакам да замислам како би било ваков земјотрес да удреше кај нас.

Да не се заборави дека и Македонија, Скопје е трусно подрачје.

Профитерите нека имаат на ум дека еден ден заради нивниот профит можат да носат жртви на душа.

Ова е слика од зграда изградена пред 3 години во Турција, која сега се сруши како кула од карти, пишува Дариа Мустафаоглу.