Како Овенот може да стане подобар партнер во врската?

Сите имаме свои маани и недостатоци во однесувањето со другите, а често најмногу од тоа трпат нашите партнери. Но, можеме да ги подобриме нашите врски, доколку работиме на себе во насока на тоа да постанеме подобри партнери.

Иако се плашите од обврски, кога ќе решите да влезете во врска се обидувате да ги забрзате работите. Но, треба да ѝ дозволите на врската сама да се развива, ако сакате таа да биде здрава, стабилна и балансирана. Премногу сте нестрпливи да „провалите“ некого. Дајте му време на партнерот самиот да се отвори и имајте на ум дека за добрите нешта да се случат треба време. Работете на тоа да не се штитите премногу и тргнете ги настрана вашите страв и ранливост.

Вашата себичност произлегува од желбата да успеете. Понекогаш сте премногу фокусирани на вашиот сопствен живот, па тоа ве спречува да бидете подобар партнер. Бидете исто толку посветени на вашата драга личност колку што сте посветени на вашата работа, целите, аспирациите и хобијата. Престанете да мислите само на вашите потреби и чувства, имајте ги предвид и тие на партнерот.

Престанете да барате совршенство во вашата врска и од партнерот. Прифаќајте ги неговите маани и внимавајте на вашиот критицизам. Не дозволувајте тој да се чувствува помалку вредно. Кога го критикувате од љубов, изразете ги вашите добри намери, без да му наштетите. Запрашајте се дали сте премногу критични затоа што сакате да му помогнете или затоа што сакате да го тргнете вниманието од себе.

Сакате да бидете главната ѕвезда во животот на вашиот партнер. Неговиот свет не треба да се врти околу вас, како што и вашиот не треба да се врти околу него. Оставете го партнерот да има сопствен живот и не го сфаќајте тоа премногу лично. Не бидете толку алчни по неговото внимание, ниту љубоморни кога вие не сте приоритет.

Вие сакате бесконечна посветеност и фокус само на вас, но исто така не сакате да се чувствувате контролирано и загушено од љубовта на партнерот. Сакате сè да ви е дозволено и да правите што сакате. Треба да сфатите дека тој баланс тешко се постигнува и дека така може да го збуните партнерот. Бидете јасни за тоа што ви треба.

Имате навика да покажувате премногу љубов. Тоа може да го гуши партнерот, а и вас, па почнувате да се борите против тоа, саботирајќи ја вашата врска. Потајно сте многу позависни од партнерот отколку што мислите и тоа ве огорчува. Поминувајте повеќе време сами. Ви треба простор и надвор од вашата врска за да сфатите кои сте. Поставете граници. Никогаш не заборавајте на вашата моќ. Дружете се и без друштвото на вашиот партнер, а и тој нека го прави тоа.

Мора сами да ги одбирате вашите патишта. Секое несогласување не е причина за „војна“. Не мора да се лутите секогаш кога нема да добиете нешто или да реагирате детски кога нешто не е по ваше. Правете компромис и бидете стрпливи со вашиот партнер. Понекогаш во кавга кажувате нешта за кои подоцна се каете. Избројте до 10 пред да постапите така, затоа што таквото однесување може да го оддалечи партнерот од вас.

Вие не сте најверниот партнер затоа што тешко ги контролирате импулсите и имате потреба да освојувате и победувате во сè и сешто. Зависни сте од адреналин. Зборувајте со партнерот за вметнување авантури во вашиот живот. Бидете сигурни дека се задоволени вашите примарни потреби за да не „залутате“.

Откажете се од верувањето дека „никогаш за ништо не сте виновни“ и почнете да ги признавате вашите грешки без да покажувате со прст на другиот. Тешко ќе ги убедите другите дека не сте згрешиле кога тоа е очигледно. Во вашата глава, вашите грешки, па дури и изневерувањето, се секогаш оправдани. Престанете ментално да ги преобликувате ситуациите или настаните за да ги приспособите на вас.

Уверени сте дека нема да бидете напуштени и не го сфаќате партнерот сериозно. Не се повлекувајте веднаш по вашиот романтичен потег. Покажете дека сте среќни што го имате саканиот во вашиот живот и престанете да бидете љубоморни.