Како навистина да го промените животот за 30 дена?

Повеќето луѓе се заглавени во своите рутини и сите денови им изгледаат исто во нивната удобна зона. Сите потајно посакуваме промени, но тешко е да се направат. Зошто? Затоа што луѓето мислат дека да промениш нешто значи од корен да си го промениш целиот живот, не сфаќајќи дека само една животна (макар и најмала) одлука ги дели од животот кој посакуваат да го живеат. 

Секако дека е возможно да го промените животот во 30 дена, затоа што само со воведување на нови работи ќе се чувствувате подобро и тогаш месец за месец ќе воведувате нови одлуки или промени и така животот ќе ви се промени. Доволно е секој ден да му се посветувате на вашето хоби, да одите во теретана, да ја смените исхраната, повеќе да се движите, каква било промена ќе ви ги даде резултати. 

Можете да почнете со овие пет важни работи или да направите само една од нив и верувајте дека ќе забележите резултати:

  • Тргнете се од сите отровни и негативни луѓе, лажни пријатели и луѓе кои ви ја исцрпуваат енергијата.

  • Почнете секој ден да правите нешто што ви е по мерак, некакво хоби. Важно е да имате време за себеси и да си бидете приоритет самите на себе.

  • Почнете да вежбате. И 10 стомачни на ден се сосема доволно, ќе видите дека ќе почнете да се чувствувате подобро. 

  • На еден лист хартија запишете ги промените кои сакате да ги направите и малку по малку носете одлуки кои ќе ве однесат кон тие промени. 

  • Прекинете ја секоја врска која ве прави несреќни или променете ја работата која ја мразите. 

Овие неколку едноставни работи навистина можат да ви го променат животот затоа што ви отвораат шанси за нови можности и навистина ќе бидете сведоци на промени во животот. И да, навистина е толку едноставно, само еден мал чекор ве дели од животот кој сакате да го живеете.