Местото каде што е денеска Охридското езеро во старо време било поле со најубави ливади.
Во близина на градот Охрид имало едно изворче, многу длабоко. Било направено како бунар со капак одозгора, за да го поклопува како кутија, да нема влакно од каде да влезе и да излезе.
Градот Охрид во тоа време бил мал како село, и во него немало ни чешма, ни бунар, па охридските жени полнеле вода од изворчето. Секоја жена што ќе залеела вода од изворчето, требало убаво да го затвори капакот. Тоа не било само за да се чува изворот чист, туку на жените и на мажите им било кажано од дедо-прадедо така да го затвораат изворот, за да не избрзни водата и да им го удави целото поле, дури и селото. Охриѓани знаеле за тој стар совет и со големо внимание го отворале и го затворале капакот од изворот. Сите верувале дека ако го остават отворен капакот, водата ќе избрзнела. И навистина тоа им се случило.
Од што се страшиш и се плашиш, тоа ќе те најде, рекле старите. Тоа ги снашло и охриѓани. Се нашла некоја невеста што си залеала една вечер вода и од мрза или од будалштина не го затворила капакот. Штом се нашол со отворен капак, си изврел изворот од устината надвор, та си текол преку целата ноќ.
Се исполнило сето поле и станало целото блато. Кога се обзорило, отишле жени да си леат вода и што да видат - сето поле се удавило од водата од изворчето. И не можелее веќе да се приберат да си залеат од изворчето вода, ами си земале открај.
Бараа, тражија која беше таа жена што остаи изворчето отворено, и ја нашле која невеста била, ама што да је напраат, се стори и веќе не можело да се отстори.
Од ден на ден водата растела, растела, дури се сторило цело езеро, како што го гледаме и денеска, се сторило најголемо езеро. Ете како знаеле старите охриѓани дека требало да се затнува изворчето, за да не изври и потопи полето. Како ангел да му беше кажуал на старите што му забрануале на младите да го затињаат изворчето за да не 'и удаи некоаш. Ете како се праи голем оган од една искра кога не се чинат луѓето мукает.
Сите денешни вести прочитајте ги тука.