Како најлесно да се справите со метеопатијата?

Наглите промени на времето, посебно во време на менување на годишните времиња може да биде главен виновник за главоболките со кои се потешко се носите. По „зимскиот сон“, едвај дочекавте да се кренат температурите, но наместо активни денови во природа, вам главоболката ве приковала за кревет.

Скокови во температурата од ладно на топло или обратно може да влијаат на притисокот, срцето и циркулацијата, а тоа води до главоболки. Чувството на немоќ кога болките ќе ви ги променат плановите заменете го со советите кои ви ги даваме денес и така ќе претстанете да бидете роб на метеоропатијата.

1. Следете ја временската прогноза

Како што секое утро пред излегување проверувате каква е температурата за да донесете одлука што да носите, така проверете и дали радикално се разликуваат утринската од дневната температура за да го припремите телото за тоа што следува.

Ако сте од оние кои се чувствителни на промена на времето, уште при првите симптоми на главоболка можете да се напиете парацетапол и да се ослободите од неа за да не ви одземе цел ден.

2. Излезете во природа и активирајте се

Било кој облик на физика активност во траење од најмалку половина час дневно, ќе го направи вашиот организам поотпорен и постабилен на временските промени. Уште подобро е ако физичката активност се одвива во природа на чист воздух.

Не е важно дали сте се одлучиле за брзо одење или сте дел од активен групен тренинг, активноста во природа ќе ви помогне да се ослободите од стресот и подобро ќе се чувствувате, а тоа може да ви ги намали шансите за појавување на главоболка.

3. Исхраната нека ви биде разнолика и полна со витамини

Здравата и правилна исхрана во која задолжително е јадењето овошје и зеленчук се добар предуслов за ублажување на негативните последици од времето. Со разноликата исхрана е важно и редовно внесување вода. Се препорачува внесување на 2-3 литри дневно во зависност од полот и активностите.

4. Заменете го кафето со чаеви од билки

За полесно да се носите со метеоропатијата, помош може да побарате во опуштањето со различни чаеви од билки или збогатување на оброците со додатоци во исхраната.

Чаевите од камилица помагаат за смирување на нервите. Освен што ќе уживате во мирисот на природните чаеви, тие ќе ви помогнат да пребродите нагли промени во времето со сладок вкус во устатата.