Како најдов мир во најтешките моменти?

Имаше многу моменти во мојот живот кога мислев дека сум дошла до крајот. Моменти кога сум чувствувала како мојата надеж и верба горат до темел.

Моето срце и ум фатени на сред крстосница, незнаејќи дали да свртат лево или десно, неможејќи да одлучат помеѓу правилно и погрешно, мудрост и будалаштина.

Имаше многу времиња на среќа и времиња на тага. Животот ми даде многу, но честопати ме оставаше скршена и празна. Си дозволив себеси целосно да паднам и да се удавам во несреќа и мизерија. Демоните од моето минато ме прогонуваа, ме исмеваа мене и секој мој чекор, мисла и одлука. Моите чувства беа избезумени и ја презедоа целата контрола врз мене.

Не можев да продолжам да живеам така, па начив како да престанам да се фокусирам на негативноста и постојаната емотивна борба со која толку долго се борев. Решив дека нема повеќе да плачам за врски кои одамна се завршени и луѓе кои одамна се заминати. И така една вечер додека лежев изгубена некаде далеку со мислите, моите очи се отворија и пронајдов сила која претходно ја немав. Таа ноќ почнав да ја гледам поголемата слика и поголемата цел во мојот живот. Почнав да се чувствувам емоционално стабилна за прв пат.

Не е лесно да се ослободиш од минатото. И дефинитивно не е лесно да се ослободиш од луѓе. Но, ако сакаш да одиш напред, ако сакаш повторно да се пронајдеш себеси, мораш да ги пресечеш тие конци. Мораш да се ослободиш од оние кои повеќе не се дел од твојот живот. Да, знам дека боли кога се соочуваш со загуба и боли кога гордоста ти е повредена. Но, ако ги поминеме нашите животи држејќи се за луѓе кои повеќе не се тука и скршени работи, како ќе научиме да го составиме она што не можеме да го контролираме? А да не ни зборуваме за да се вратиме пак на нозе.

Сите паѓаме. Сите го допираме дното и се молиме на Бог да нѐ спаси од трагедија. Вие не сте единствените кои се борат за емотивна стабилност. И сосема е во ред да признаете дека поминувате низ тежок и мрачен период. Во ред е понекогаш да бидете ранливи и да најдете некој со кого можете да бидете ранливи. Животот е хаотичен и несреден и тоа е дел од ролекостерот на кој сите се возиме.

Без оглед на предизвиците и болките со кои се соочувате, вие имате два избори: Или ќе дозволите тие да ве дефинираат и да ве уништат и да ве повлекуваат уште подолу или ќе дозволите тие да ве направат посилни, похрабри и посмели. Никогаш не е предоцна за наоѓање на својот мир. Никогаш не е предоцна за ослободување од болката. Грешките од вчера не можат да ве уништат ако не им го дозволите тоа.

Простете, заборавете и повторно бидете она што секогаш сте биле.