Како му текна на Инспекторатот за депонијата под Кале?

Темелно чистење на создадената депонија на стариот автополигон под Кале извршија екипите на ЈП „Комунална хигиена“, соопшти денеска Инспекторатот на Град Скопје.

Во објавената вест се наведува дека при извршениот увид на просторот на поранешниот автополигон е констаторано дека на овој простор повеќе несовесни граѓани го депонираат својот градежен шут и друг вид на габаст отпад.

–Инспекторат на Град Скопје сака да ве извести дека во иднина ќе биде постојано присутен на оваа локација и бескомпромисен со несовесните граѓани кои на незаконски начин во срцето на градот се обидуваат да создадат депонија, се наведува во соопштението.

Но, прашањето е што и кој досега го попречуваше Инспекторатот да биде присутен на оваа локација која е многу блиску до седиштето на Инспекторатот? Да имаше поголемо присуство и досега депонијата воопшто немаше да настане, а сторителите ќе беа казнети.