Како марихуаната влијае на машкото либидо?

Доколку сакаат малку интимна „забава“ со своите партнерки, мажите би требало да заборават на марихуаната, тврдат научниците, кои наведуваат дека алкохолот не е единственото нешто што негативно влијае на сексуалната моќ на припадниците на машкиот пол.

Според нив, марихуаната предизвикува исти последици врз мажите како и алкохолот, и покрај раширеното мислење дека „тревата" ја заголемува издржливоста во кревет. Мажите поради марихуаната само добиваат поинаква перцепција за времето, па мислат дека чинот трае подолого, но во суштина нивната сексуалната моќ е послаба, тврдат научниците.

Тие дошле до ваквите заклучоци со истражување на влијанието на марихуаната врз ерекцијата кај мажите. Кај мажите кои секојдневно пушат марихуана, постои трипати поголема веројатност да имаат проблеми со ерективната дисфункција во споредба со оние кои немаат таква навика, наведуваат научниците.