Kако Македонците ќе можат да патуваат на одмор во соседството?

Грција конечно ќе ги отвори границите за туристите, а особено сите што ги интересира е како Македонците ќе можат да патуваат на одмор во соседството.

Плажите во Грција од вчера и конечно се отворени, една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона. Но, посетителите мора да следат бројни правила.

Според официјалните информации за влез во Грција ќе ви биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак потврда за вакцинација.

И додека многуте граѓаните и сопственици на туристички кампови едвај чекаат да се отвори сезоната за четири дена од денес, еве каква е состојбата на плажите таму.

Инаку туристите прво мора да испратат СМС порака со код ако сакаат да резервираат лежалка на некоја од плажите.

Кога станува збор за мерките што се применуваат на плажите, тоа значи дека растојанието помеѓу комплетите- чадор и две лежалки, мора да биде најмалку 4 метри. Ова правило може да се прекрши само ако семејства со повеќе членови дојдат на плажа.

Вработените на плажата се должни да го дезинфицираат мебелот пред да им биде дозволено на новите гости да изнајмат чадор и лежалки, а исто така за персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба.

Музиката на плажа е забранета.

Граѓаните ќе треба и добро да го подготват џебот за до граничниот премин „Богородица“ бидејќи до таму ги очекува дури пет патарини.

Првата е во Петровец и чини 40 денари, втората кај Сопот и чини 80 денари, третата кај Градско и чини 60 денари, потоа кај Демир Капија 80 денари и последната чини 100 денари и е во Гевгелија или вкупно во правец 360 денари или 720 во двата правци.