Kако ќе платат граѓаните кои ретко користат градски автобус?

Наместо хартиениот билет за едно возење кај возачот, од 1 јануари корисниците кај возачот ќе може да купат неперсонализирана картичка по цена од 150 денари, која ќе се продава и во мрежата на продажни места.

Од ЈСП велат дека се уште немаат информации дали во таа картичка со платената сума за нејзино купување ќе бидат вклучени пет бесплатни возења, но размислуваат да воведат промотивен период во кој ќе бидат вклучени повеќе гратис возења.

Неперсонализираните картички може да ги користи секој член од семејството, но не можат со една картичка да се возат заедно во исто време. Овие картички може да се купат во 35 билетарници на ЈСП, во 52 продавници на територијата на Скопје, а има и три автомати за издавање и дополнување на картичките.

Со вртење на бројот 185 и со приближување на мобилниот телефон до валидаторот патниците ќе може да го платат возењето и со мобилен телефон ако не им се исплати да купат картичка. Цената за едно возење, ако се плаќа со телефон, чини 40 денари.