Како ќе ја препознаете љубовта на вашиот живот?

Еднаш одамна, пред самото раѓање, го одбра баш него. Со кого ноќта е кратка за сите работи кои сакате да си ги кажете. Чија душа те милува и без да те допре. Кој верува во тебе и те тера да веруваш во себе дури и кога немаш верба во себе. Вели дека си важна. На него и на целиот свет. 

Ќе го познаеш по душата која трепери и сјајот во очите кој се појавува кога ќе те здогледа. По прегратката која е толку цврста што не можеш ни да земеш воздух. 

Од првата средба на овој свет, ништо повеќе нема да биде само црно или бело. Ќе се појави цел спектар од бои, тонови, секој со нова насмевка. Нови зборови. Нов здив. Ќе ти треба како воздухот без кој не можеш. Нема да можеш да се навикнеш на тоа да ти недостасува. 

Не го гради животот без она кое си го одбрала некогаш одамна, уште пред да се родиш. Тоа е човекот со кого е доволно само да постоиш. И не морате да правите ама баш ништо. Затоа што сте предодредени за вечност и љубов која ви го поматува разумот. Во која ништо смислено не се вклопува. А не постои поголема смисла од тоа. 

Поради него умот ти изгледа како најлош мачител. А срцето ги создава најубавите ноти. И расте над границите на поимливото. Душата ти трепери како и првиот пат кога се видовте и допревте. Дури и по толку години. Исто, баш секојпат. 

Ќе го познаеш по љубовта. Затоа што растеш кога ќе ти пријде. И прави да се чувствуваш сакано, дури и кога не ти го кажува тоа. Дури и кога самиот не е свесен за тоа. 

Толку многу заслужуваш љубов. Љубов која гради тврдини. Која лета преку планини. Која прави планетата да делува како прекрасно место за живеење. 

Не прифаќај ништо помалку од тоа. Ни поради времето кое поминува. За кое луѓето ти зборуваат дека ти одминува. Злобни погледи и озборувања. Чувството дека не си му дорасната. Што и да е друго. Игнорирај го сето тоа.

Затоа што вие двајца одамна сте се договориле. Уште пред раѓањето. Дека заедно ќе чекорите низ животниот пат. И ќе си бидете светлина еден на друг.

За тоа вреди да се живее. И дише.