Како ќе ја изгубиш силната жена?

Ќе ја изгубиш силната жена ако не ја запреш и не ја поздравиш.

Таа можеби е поинаква, уникатна, застрашувачка и фантастична, но ништо не е толку болно како тоа да изгубиш силна жена затоа што не си имал храброст да ѝ се претставиш.

Ќе ја изгубиш силната жена ако се преправаш дека си недопирлив. Силната жена нема време да лови мажи затоа што е зафатена со остварување на своите соништа. Нема да губи време на оној кој не сака да губи време со неа.

Таа не е безобразна, арогантна, таа само го штити своето срце. Тоа било скршено 1000 пати и затоа немој да ја изгубиш уште пред да ја освоиш.

Ќе ја изгубиш силната жена ако ги криеш своите чувства. Таа не мисли дека си силен ако држиш сѐ во себе. Таа мисли дека си најубав кога не се плашиш да се разоткриеш и да бидеш човек. Таа не сака да погодува што чувствуваш, таа сака да запознае сѐ што имаш да понудиш.

Таа го чувствува животот на длабок начин и потребен и е некој кој е ист како неа. Таа знае дека е рамноправна, моќна и дека може да поместува планини. Таа ја знае својата вредност и своите способности и никому нема да дозволи да и го одземе тоа. Таа знае кога некој се обидува да ја искористи и нема да дозволи тоа да се случи.

Ќе ја изгубиш силната жена ако ја омаловажуваш. Таа бескрајно се трудела за да ја изгради својата самодоверба, својата кариера и односи. Нема да стои позади некој кој не сака да стои позади неа. Таа можеби нема да ти го каже тоа директно, но нема да се зближи со некој кој не гледа што постигнала.

Ќе ја изгубиш силната жена ако ја молиш. Таа не бара некој кој ќе ја моли. Таа сака некој кој ќе се бори, некој кој е одлучен како неа и некој кој точно знае како да побара прошка, но и да ја даде.

Ќе ја изгубиш силната жена ако едноставно ја пуштиш. Таа не е како другите жени. Нема да се врати ползејќи. Нема да ти прави драми. Ако очекуваш дека ќе се однесува како останатите жени, се лажеш. Таа само мирно ќе гледа како дозволуваш да ја загубиш.

И затоа, кога еднаш ќе ја освоиш силната жена – не ја пуштај.