Како ќе изгледа новиот Совет на Град Скопје?

Новиот Совет на Град Скопје ќе има повеќе советници од ВМРО-ДПМНЕ. 

За советнички места на овие локални избори, освен претставниците на политичките партии, се изборија и независните претеденти. 

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, соопшти дека во Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со 78.538 гласа ќе има 17 советници, СДСМ со 52.431 глас има 12 советници, ДУИ со 26.338 гласа има 6 советници, Левица со 20.070 гласови има 4 советници, ЛДП и ДОМ со 9.152 гласа имаaт 2 советника, Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат 11.447 гласови и исто така 2 советника, колку што доби и независната листа на Зелен хуман град со 9.062 гласа.