Како ќе изгледа новата поликлинка во Бутел?

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски сподли видео од 3Д проекцијата на поликлиниката која е планирано да се гради во Бутел. 

Минатата недела беше отпочната тендерската постапка за изградба на новата модерна поликлиника која ќе биде лоцирана на местото на старата амбуланта. 

Поликлиниката ќе опфаќа површина од 1500 м2 и ќе биде на приземје и кат, а проектната документација ја избработи општина Бутел.

- На граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги како што се ординации по општа медицина, за педијатрија, ординација за гинекологија, интерна медицина и невропсихијатрија и ординација за физикална медицина. Дополнително ќе има и РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека. За граѓаните на општина Бутел ќе биде достапен пункт за итна медицинска помош и ноќна служба, информираше Костовски. 

Еве како ќе изгледа поликлиниката: