Како кај децата да развиете желба да бидат поуспешни во животот?

 Кога ќе ги минимизираме сопствените грешки со кои несвесно го спречуваме нашето дете да се развие во успешен човек, дури тогаш треба да поработиме на нивната желба за успех.

Притоа, не ги имаме предвид само идните професионални амбиции, туку, пред се, нивната желба да бидат попосветени во се што прават. Следат неколку совети како да го постигнете тоа:

1. Разговарајте со децата за своето детство, за своите некогашни погледи кон возрасните и за тоа што всушност ве дочекало денес.

2. Дозволете им и поттикнувајте ги да се потрудат да направат нешто што и вам ви се чини невозможно. Чувството на неуспех е исклучително важно за доживување и вреднување на самите успеси.

3. Немојте да нагласувате само лоши примери на однесување. Разговарајте за последиците од лошите постапки, објаснете им зошто не треба така да се однесуваат, но, посочете и позитивен пример.

4. Помогнете му на детето за решение на одреден проблем да ги искористи сите свои адути и предности.

5. Ангажирајте го почесто за семејните обврски кои бараат повеќе време, умешност и пред се - трпение. Така, децата учат дека успехот најчесто не доаѓа брзо и повеќе ќе го ценат својот труд.

6. Учете ги дека животот нуди избор, но и дека тоа не секогаш ќе биде на нивна страна. Нека научат дека одлуките кога-тогаш ќе значат дека од нешто мора да се откажат.

7. Разговарајте отворено за вашата работа, за трансакции, картички и за методите при склопување зделки.

8. Помогнете му на своето дете во креирањето и дефинирањето сништа за иднината, посочувајте му ги сите можни предности, но и пречки со кои можеби ќе треба тоа да се соочи.

9. Пофалете ги, наградете ги, па и прославете доколку детето следејќи ги вашите совети покажува јасни и конкретни знаци на напредување, самостојност и одговорност.