Како ја открив жената во мене?

Фати ја жената во тебе, држи ја цврсто и не ја пуштај, затоа што таа жена во тебе е реална и затоа подај ѝ рака. 

Жената во себе ја открив тогаш кога ја оставив да дише, да се смее дури и кога нема ништо смешно, да трча боса, на штикли, не е важно, важно е тоа што жената во мене ми се врати.

А како ја изгубив?

Многу одамна, во тишината на растењето, прво си девојче, за кое сите се грижат, потоа млада девојка, полна со амбиции и мисли дека не постои некој попаметен од неа, потоа се претвораш во жена, која е сѐ посвесна за животот, а на крај стануваш зрела жена и сфаќаш дека ништо не си сфатила. Се гушиш во сопственото спознание дека времето минало брзо, а ти си и натаму – ти, само малку поинаква. Сега си закована во жената која не сакаш да бидеш. Сѐ си направила погрешно.

И така, почнува хоророт во глава. Стравот. Што сега? Самокритичност. Самосожалување. Солзи. Тага. Анксиозност. А потоа, после сите можни и невозможни чувства, доаѓа излегувањето од себе. Навистина е така. За да го достигнеш врвот, прво мора да го допреш дното. Така и беше. 

Тоа излезе дека беше најдобриот дел од мојот живот дотогаш, затоа почнав да се враќам на себеси, на она што сум, почнав да се слушам себеси и да дишам слободно. Секако, патот воопшто не беше лесен, но го засакав, го засакав со цело срце, затоа што ме водеше во вистинската насока. Повеќе не ми беше важно тоа што некои шеги не ми се смешни, не ми беше чудно што не се вклопувам во некои животни форми, важно ми беше тоа што сум среќна.

Долго го патував патот, но стигнав успешно. Сега ја разбирам оваа жена која сум денес, жена која всушност секогаш сум била, а која ја имав скриено и закопано во себе. Таа гребеше и молеше да излезе надвор, но јас ја игнорирав, правејќи се дека не постои и дека не е тука. Затоа и се гушев, затоа чувствував болка и тага. А денес, денес сум поинаква, а иста, денес сум жена која сака да сака и која ја сакаат, мајка кој ги учи децата да сакаат и да живеат со полни гради и да не тонат во тага. 

Сега сум мирна. Си дојдов дома. Ја најдов жената во мене и уживам да ѝ давам моќ, моќ да биде она што сака да биде, она што јас сакам да бидам .За мене, денешниот ден е вечен, нема вчера и утре, моментот е вечен. 

Не чекајте, разбудете ја жената во себе, дајте ѝ шанса, а за возврат таа ќе ја врати моќта во вашиот живот!