Како изгледа совршената новогодишна елка според секој хороскопски знак?

Според верувањето на астролозите, нашиот хороскопски знак влијае на сите аспекти од нашиот живот, вклучувајќи го и стилот. Стилот се одразува на уредувањето на нашиот дом, а кога се во прашање празниците и украсувањето на новогодишните елки. Забавувајте се и во продолжение проверите каква елка највеќе ви одговара врз основа на вашиот хороскопски знак. 

Овен

Овните најмногу се радуваат на весели и раскошно украсени елки. Тие обично сакаат да ја пренакитуваат елката со малечки лампиони, фигури со Дедо Мраз и слични симпатични украси. 

Бик

Биковите сакаат вистински, т.е природни елки, а наместо пластични лампиони, повеќе сакаат поприродни украси како оние направени од дрво. Тие се големи гурмани па на нивните елки можете да најдете чоколадни бонбони, украси од бонбони и слично. 

Близнаци

Празниците се можност за Близнаците да ја покажат својата креативна страна. Во нивниот дом можете да најдете елка украсена на најкреативни начини и различни бои.

Рак

Семејно настроените Ракови ја сакаат идејата за „американски Божиќ“ каков што гледаме на филмовите, па во таков стил ќе биде украсена и нивната елка.

Лав

Што поголема елка, тоа подобро. По прашање на украсувањето може долго да се пишува, затоа што тие сакаат различни стилови, но едно е сигурно, нивната елка ќе биде најголема. 

Девица

На овој знак најважно му е елката да биде уредна и стокмена. Девиците ќе ви се прикрадат зад грб за да ја поправат искривената фигура, ќе преместат лампион затоа што не е симетричен со останатите или затоа што не се вклопува со палетата бои на таа страна на елката. 

Вага

Вагите и самите не знаат каква елка сакаат, па освен главната елка, поставуваат и мали мини-елки низ куќата. Нека има. 

Скорпија

Во домот на страствените и гламурозни Скорпии може да се пронајдат богато украсени елки преполни со црвена и златна боја. 

Стрелец

Овој знак ја обожава природата и живее во склад со неа. Кај нив дома може да се најде и вистинска елка засадена во саксија, украсени со природни украси како овошје и материјали кои можат да се рециклираат.

Јарец

Традиционалисти кои воглавно признаваат само вистински и природни елки. Тие не сакаат вештачки елки, а своите елки ги украсуваат со стари семејни украси кои грижливо ги чуваат и пренесуваат од колено на голено. 

Водолија

Како и Близнаците, креативните Водолии сакаат необични елки кои не се традиционални и кои можат да бидат направени и од други предмети. 

Риби

Рибите сонуваат за магични празници и снег и затоа често можете да налетате на бели елки во нивниот дом. Тие ќе ги украсат со ѕвезди, ангели и други класични, но ефективни украси.